Shutterstock.com

Apple повторно се критикувани за начинот на којшто ја водат App Store продавницата за апликации. Овој пат критиките доаѓаат од страна на основачот на Telegram апликацијата за разговори кој заедно со Apple, критиките ги упатува и до Google.

Критиките се однесуваат на процентот кој го зимаат овие две компании за купувањата внатре во апликациите, а не дозволуваат да се користат наплатни системи од трети страни. Процентот изнесува 30% за апликациите кои заработуваат повеќе од 1 милион долари годишно, односно 15% за тие што заработуваат помалку.

Поради ова, Telegram ја трга можноста корисниците да ги поддржат профилите кои ги следат преку iOS апликацијата, па тие тоа ќе мора да го направат преку друга платформа.

Исто така, Павел Дуров го критикува и процесот на проверка која го имаат платформите, давајќи пример за чекањето повеќе од две недели за ажурираната верзија од Telegram на iOS.

Тој додава дека може да замисли како се третирани другите програмери, ако Telegram, која е апликација во топ 10 најпопуларните, добиваат ваков третман.

Дуров ги повикува регулаторните тела од ЕУ и други земји да преземат нешто околу овој однос на компаниите кој го нарекува навредлив.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаApple го одложува претставувањето на новите MacBook Pro и Mac mini за идната година
Следна статијаШтедењето е знак на свесност, но и на доверба и сигурност
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.