Во јуни оваа година Apple го претстави првиот компјутер со новата генерација од нивниот чип, М2. Претставен беше MacBook Air, a пред околу две недели беше пуштен и iPad Pro со М2, а најавите во главно одеа во правец на тоа дека во ноември може да се очекуваат и останатите компјутери, односно MacBook Pro и Mac mini.

Сепак, според неофицијалните информации Apple го има одложено претставувањето на новите MacBook Pro и Mac mini компјутери за идната година. Иако информациите најавуваат претставување во првата четвртина, според досегашното искуство новите компјутери не треба да се очекуваат за јануари или февруари, што значи ќе ги видиме дури во март 2023 година.

Покрај од други извори, оваа најава доаѓа и од Марк Гурман од Bloomberg, кој се смета како еден од најчесто точните предвидувачи за Apple.

Тоа што може да се очекува идната година се MacBook Pro 14 и 16 инчни со М2 Pro и M2 Max чиповите, како и Mac mini со М2, но и со M2 Pro чип.

Покрај овие компјутери, можно е претставување и на првиот Mac Pro со чип од Apple, односно со M2 Max или нешто посилно.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаВиталиа going green: Нова инвестиција во фотоволтаици и геотермална климатизација
Следна статијаПавел Дуров, основачот на Telegram, ги критикува Apple и Google за нивните практики со продавниците за апликации
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.