Бил Гејтс не е баш популарно име овие две години, а многу го сметаат како еден од луѓето кои стојат зад пандемијата или барем кои успеаја да направат големи профити со инвестирањето во вакцини и слично.

Без разлика на тоа, Гејтс со својата фондација сепак е фактор за што е тоа што се случува во светот, барем до некаде, па одредени работи кои има да ги каже на неколку теми, може да отворат одредена дискусија, а посебно кога имаат доста голема логика.

Тој започна со промоција на неговата нова книга која треба да излезе во продажба на 3 мај, „Како да се спречи наредната пандемија (How to prevent the next pandemic)“ и главната поента му е дека верува дека оваа пандемија може да биде последната.

Според Гејтс, наредната пандемија може да се спречи преку вложување во три точки. Првата точка е константен развој на здравствените системи, а посебно кај земјите во развој.

Втората точка вклучува развој на глобален систем за следење на вирусите, без разлика во која земја ќе се појават.

Третата точка вклучува иновација кај развојот на вакцините, терапиите и дијагностицирањето, со што би се постигнало многу побрзо откривање и развој на алатки за одговор на потенцијалните пандемии.

ИЗВОРGates Notes
Претходна статијаMicrosoft ќе почне да тестира папки за апликациите во Старт менито, покрај уште неколку други новини кај Windows 11
Следна статијаМКЦ: Поништен конкурсот за визуелно решение за јубилејот „50 години МКЦ“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.