Не е тајна дека Exynos чипот од Samsung оваа година не се покажа како подобар од тој на Qualcomm, како што на тоа беа навикнати веќе повеќе години корисниците. Exynos 990, иако не може да се каже дека е лош чип, сепак во многу тестирања се покажа повеќе сличен со перформансите со ланскиот Snapdragon 855, отколку годинешниот 865.
Тоа значи дека корисниците во Европа кои ја добиваат варијантата од Galaxy S уредите со Exynos чипот, добија нешто послаби перформанси од истите уреди во САД, на пример, иако тоа не може да се забележи од самото користење, без да се има другиот уред за споредба.
Како и е да, Samsung најавува враќање на Exynos, а тоа можеме да го сфатиме само на еден начин, а тоа е дека овој чип од компанијата повторно ќе им го нуди на корисниците најдоброто на пазарот.
„Враќањето“ на Exynos е закажано за 12-ти јануари, кога се очекува дека ќе биде претставен Exynos 2100. Овој чип треба да биде направен со 5nm технологија, а исто така едно од јадрата треба да биде одличното Cortex-X1 од ARM.
Претставувањето на Galaxy S21 серијата се очекува за два дена подоцна, односно за 14-ти јануари, а најавата на датата за претставувањето на нов Exynos, може да се смета и за еден вид на потврда на засега уште неофицијалните информации за одржување на Unpacked настанот, идната година порано од обично.
Неколку тестирања веќе излегуваат неофицијално во кои се покажува дека Exynos 2100 работи подобро од Snapdragon 888, новиот процесор од Qualcomm кој ќе го гледаме во најдобрите уреди идната година.
Дефинитивно уште од сега може да се види дека Samsung може да очекува голем успех со наредната Galaxy S серија.
Од Samsung пуштија е реклама преку која им се заблагодаруваат на корисниците на Exynos.