COVID-19 пандемијата отвори значителни предизвици, но и можности за забрзување на растот на е-трговијата во земјава. Согласно објавените податоци од Народната банка, вредноста на реализирани онлајн трансакции со домашни картички кон домашни е-трговци изнесува 43.5 милиони евра во третиот квартал што претставува раст од 173% споредено со 2019 година. Еден од предизвиците на патот кон развиено, смарт и дигитално општество е ниското ниво на дигитални вештини на населението. Северна Македонија е една од земјите која е најлошо рангирана по целокупно ниво на дигитални вештини споредено со европските земји.

Интернет игрите на среќа кои беа овозможени за прв пат со Уредбата со законска сила за примена на Законот за игри на среќа и забавни игри за време на вонредна состојба имаат значаен придонес во растот на онлајн трансакциите. Иако постојното законско решение содржи членови за овозможување онлајн игри на среќа, во пракса до сега ваквата можност не постоеше во отсуство на подзаконските акти кои не беа донесени. Оваа Уредба се покажа како ефикасна мерка од повеќе аспекти – справување со спречување на ширењето на вирусот, (имајќи предвид дека играчите не треба да се собираат во затворени простории каде што се приредуваат игри на среќа), прибирање на приходи во буџетот во услови на значителен пад на буџетските приходи по основ на давачката за игри на среќа, одржување на бројот на вработени во оваа индустрија.  

Согласно податоците за месец септември од приредувачите на интернет игри на среќа кои добиле одобрение и неодамна започнаа да нудат онлајн обложување и објавените податоци на НБРСМ, тие учествуваат со околу 8% или речиси една десетина во вкупната вредност која Македонците ја реализирале кон домашни е-трговци.

Оваа индустрија значително влијае кон развојот на е-трговијата во нашата земја, кон зголемување на дигиталните плаќања, а со тоа и директно придонесува кон зголемување на вредноста во е-трговијата кон домашни е-трговци. Дополнително, има значително влијае и врз зголемувањето на дигиталните вештини на корисниците на нивните услуги, кои се потребни за учество во онлајн купување, кои според аназлизата за е-трговија во Македонија, се главна пречка за раст и развој на домашните е-трговци.

Растот на е-трговијата е предуслов за забрзан економски развој на нови дигитални индустрии и воедно ќе охрабри инвестиции на компании во иновативни пристапи за овозможување и подобрување на е-трговијата.

Компаниите кои добија одобренија за интернет игри на среќа инвестираа значајно во развој на софтверските решенија, брза адаптација и маркетинг. Од друга страна истите очекуваа долготрајно решение односно овозможувањето на приредување Интернет игри на среќа да биде преточено во законско решение. Истовремено надлежните институции треба да преземаат мерки и системски решенија за спречување на нелегалните странски сајтови за игри на среќа преку кои се одлеваат значајни средства на штета на Буџетот и регистираните домашни комапнии.

Глобализацијата и интернетот носат нови можности, но и нови предизвици, па така милиони евра низ годините се одлеваат кон странски сајтови за игри на среќа кои нелегално се достапни за домашните грашани со што државата губи приходи, како по основ на посебната давачка која ја плаќаат домашните приредувачи така и по основ на данокот на личен доход.

Учеството на давачките од игри на среќа се значајни за буџетските приходи, а уште повеќе во време на криза во услови на намалени буџетски приходи, при зголемени потреби за финансирање на здравствените потребни, социо-еконономски мерки и инвестиции.

Добрата законска регулатива, како предуслов за принципиелна конкуренција и високи стандарди за квалитет на обезбедување на услуги во областа на игри на среќа, нужно доведува до поттикнување на здрава пазарна економија, сузбивање на сивата економија во оваа област, спречување на одлив на пари по основ на игри на среќа од македонската економија и во странски нелиценцирани правни лица, како и создавање на услови за раст на приходите во буџетот од игри на среќа.

Придонесот треба да се гледа холистички – да се согледаат и другите поврзани индустрии (компаниите инвестираа во развој на софтверски решенија и маркетинг), бројот на вработени (кои само во обложувалниците изнесува над 4000), а потоа и придонесот кон зајакнување на дигиталните вештини на населението.

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, чии членки се и приредувачите кои овозможија онлајн обложување (Моцарт, Спорт Лајф и Евротип) се залага за раст и развој на е-трговијата и уште повеќе во време на пандемија за искористување на можностите за забрзан раст на индустријата.  

Претходна статијаSamsung најавува „враќање“ на Exynos на 12-ти јануари
Следна статијаPrivacy Sandbox почнува да станува дел од Google Chrome за почеток во тест верзиите од прелистувачот