Фото: Shutterstock.com

Хакирањето кое беше откриено во САД минатата недела, како што се претпоставуваше, ги има погодено и системите на Microsoft. Ова беше нешто што од компанијата не сакаа одма да го потврдат, но со оглед на ангажираноста во целата работа од нивна страна, јасно беше дека тука има нешто.

Се работи за хакирање на софтверското решение Orion од американската SolarWinds, кое се користи од огромен број на компании за менаџирање на нивните мрежи. Преку него е добиен пристап и од одреден број на владини системи, како и повеќе приватни компании кои работат со интернет безбедност.

Од Microsoft излегоа со повеќе информации за случајот, како и што е тоа што се презема, меѓу другото, одреден број на домени се искористени за спречување на нападот.

Со оглед на тоа дека од Microsoft исто така го користат софтверот од SolarWinds, очекувана е потврдата од компанијата дека и во нивните системи е откриен малициозниот код, за кој се истакнува дека веднаш е отстранет.

Тоа што е најважно е што од компанијата истакнуваат дека немаат откриено докази дека ова има доведено до загрозување на нивните производи, како и податоците од нивните клиенти.

За одговорни и зад нападот досега се споменува Русија, но тоа остана како нешто што ќе треба дополнително да се докаже со оглед на тврдењето на претседателот Трамп дека нападот можно е да доаѓа од Кина.

ИЗВОРThe Hacker News
Претходна статијаSmartus.mk со одлични новогодишни и божиќни попусти на нивните производи
Следна статијаSamsung најавува „враќање“ на Exynos на 12-ти јануари
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.