Windows на ARM чиповите никако да го достигне посакуваното ниво, иако веќе одамна се прават обиди од Microsoft за истото. Можеби сега кога Apple прави огромен успех со нивните M1 чипови, ќе направат поголем притисок на конкурентите посериозно да си ја сфатат работата.

Обидите на Microsoft за Windows уред кој работи на ARM досега во главно беше правен со помош на Snapdragon чиповите, но овие уреди никогаш не ја добија саканата популарност, во главно поради недостатокот на апликации, а работата на истите преку емулатор, не се покажа како доволно добра од аспект на перформанси.

Според неофицијални информации, Qualcomm имал ексклузивен договор со Microsoft за развој на чипови за компанијата, па затоа и никој друг досега се нема нафатено и да понуди поголем избор.

Овој договор изгледа треба наскоро да заврши, па тоа значи дека во периодот што следи може да се очекуваат и другите производители на чипови да претстават чип кој е развиен за Windows компјутерите.

Ова би направило голема разлика, а посебно ако некој од нив претстави доволно добар чип да му конкурира на Apple и нивните M1. Qualcomm веќе најави дека ќе претстават посериозна конкуренција на Apple, но дури во 2023, па можеби некој од другите, како Samsung или MediaTek, ќе претстават нешто порано.

Претставувањето на Windows 11 исто така ги зголемува очекувањата, а посебно што се верува дека иднината кај помалите преносни уреди дефинитивно ќе биде со ARM чиповите кои трошат помалку енергија.

ИЗВОРXDA Developers
Претходна статијаРусија побара големите ИТ компании да имаат официјално претставништво во земјата
Следна статијаSamsung ќе гради фабрика за чипови во Тексас, САД
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.