Фото: Shutterstock.com

Во време кога поради светската пандемија има голем недостаток на чипови, Samsung ќе инвестира во нова фабрика која би требало да ја подобри оваа ситуацијата во светот со достапност на чипови.

Фабриката треба да почне да се гради идната година, а официјалното производство на чипови се најавува за 2024. Оваа фабрика ќе се користи за потребите на Samsung секаде во светот, односно ќе придонесе до подобрување на достапноста на чиповите кои од компанијата ги користат во нивните мобилни, таблет компјутери, но и на нивните соработници.

Локацијата која е внимателно избрана за изградбата на фабриката е градот Тејлор во државата Тексас во САД. Оваа локација е избрана после разгледување на локации во Њујорк и Флорида, како и Остин во Тексас каде Samsung веќе има фабрика.

Не е чудно што Samsung се решаваат за работа во Тексас. Оваа држава во САД е позната изминатите години по добрите услови кои им ги обезбедува на бизнисите, како помали даноци, но и немање на ситуации на секакви обвинувања кои се популарни во денешно време.

Се очекува дека отворањето на фабриката ќе донесе 2000 нови работни места во Тексас, а уште илјадници дополнителни работни места кои се поврзани со изградбата, а и понатамошната соработка.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаQualcomm има ексклузивен договор со Microsoft кој се очекува наскоро да заврши
Следна статијаNetflix почна да објавува неделна листа на најгледани филмови и серии
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.