Фото: Shutterstock.com

Според нов закон од оваа година, поголемите ИТ компании чии сервиси се користат во Русија, имаат обврска до 2022 година да отворат официјални претставништва во земјата, во спротивно може да се соочат со рестрикции или целосно блокирање.

Конкретно се мисли на интернет компаниите кои имаат повеќе од 500.000 дневни корисници, а конкретно се истакнати Apple, Meta, Google, TikTok и Twitter, меѓу другите.

Овие компании, според новиот закон, ќе мораат да отворат претставништво во Русија, како и да отворат сметка кај регулаторното тело за телекомуникација Roskomnadzor. Според информациите, која е причината за овој закон, како и повеќе детали за функционирањето, не се баш јасни.

Јасни се веднаш претпоставките за еден ваков закон и неговата цел. Се претпоставува дека со достапност на официјални претставништва на компаниите, властите ќе можат полесно да вршат притисок и да имаат влијание на нивната работа, поточно во ситуациите кога е потребно нешто да се тргне од Facebook, на пример.

Уште нема официјални реакции од компаниите, па ќе видиме во кој правец ќе оди оваа работа. Русија е премногу голем пазар за да компаниите лесно се решат да се откажат од него.

ИЗВОРReuters
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаКако Сталоне се погрижи продуцентите да го вработат Мики Рурк
Следна статијаQualcomm има ексклузивен договор со Microsoft кој се очекува наскоро да заврши
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.