Во рамките, поточно пред почетокот на CES 2023 саемот за технологија и потрошувачки производи, Nvidia ја претстави својата нова GeForce RTX 40 серија, овој пат за лаптоп компјутерите. За разлика од десктоп, за лаптопите претставени се сите верзии од серијата, а за првпат и најсилната GeForce RTX 4090 оптимизирана за преносните уреди.

Оваа серија ќе ја видиме во некои од најдобрите лаптоп компјутери на пазарот обично направени за гејминг или работа со видео и 3D содржина. Заедно со новата генерација од Intel процесорите, исто така претставена денес во рамките на CES 2023, пазарот на Windows лаптопи годинава ќе биде „интересен“.

Од Nvidia тврдат дека GeForce RTX 40 серијата на лаптопите е до три пати поефикасна кога е во прашање потрошувачката на енергија, а тоа е и една од причините зошто оваа година најсилната верзија дојде и кај лаптопите. Ланската генерација кај лаптопите завршуваше со RTX 3080 верзијата.

Моќта на GeForce RTX 4090 може да се види преку најавата дека лаптоп со оваа картичка ќе може да пушти игра на три надворешни монитори и да се игра играта во 4К резолуција со 60 fps. Ова е доволно за креирање на професионален симулатор за возење или од друга страна, ќе им овозможи на професионалците да не мора да размислуваат за десктоп компјутери за нивната работа. Во оваа категорија може да се стави и GeForce RTX 4080 картичката.

За корисниците кои сепак немаат потреба од толкава моќ, тука се и GeForce RTX 4050, 4060 и 4070. Со овие картички може да се играат игри до 80 fps во 1440p резолуција, а и со нив може доста да се заврши од професионалната работа.

Технологијата која може да се стави зад напредокот на новата серија е петтата генерација од Max-Q технологијата. Оваа година DLLS 3 кај лаптопите е дел од Max-Q технологијата, па можеби директната споредба со ланската серија не може баш да се направи. Тука е и BatteryBoost технологијата, па ќе видиме што ќе покажат првите тестирања на лаптопите кои ќе работата на оваа серија.

За заштеда на енергија се користи GDDR6 меморија со најниска што може волтажа, а тука е и „три брзинска“ контрола на меморијата.

Ќе видиме во периодот што следи, какви ќе бидат цените на оваа серија, а се надеваме дека ќе бидат подобро смислени од тие кај десктоп верзиите.

ИЗВОРPCWorld
ИЗВОР 2Nvidia
Претходна статијаIntel ја претстави 13-тата генерација од своите процесори за лаптоп компјутерите
Следна статијаПретставен OnePlus 11 во Кина пред официјалното претставување во остатокот од светот идниот месец
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.