Фото: Shutterstock.com

Познатиот саем за технологија кој се одржува секој почеток на новата година во Лас Вегас, CES – Consumer Electronics Show, од 5-8 јануари ќе биде местото каде што ќе ги видиме едни од најдобрите производи кои ги подготвуваат производителите на различни уреди.

На саемот традиционално учествуваат најголемите и најпознатите компании, но и помали кои на пазарот донесуваат иновативни и доста интересни технологии и производи.

Од тоа што може да се види досега, затоа што компаниите ги пуштаат своите соопштенија уште пред официјалниот почеток на саемот, ќе бидат претставени телевизори кои ги чекаме со години, монитори, гејминг монитори, уреди за паметниот дом и многу повеќе.

Посебно внимание привлекува новата генерација на QD-OLED технологијата од Samsung која оваа година се очекува да стане сериозна конкуренција на OLED телевизорите од LG и Sony. Секако, тука е и новата генерација на OLED телевизори од LG кои сепак нема да „дозволат“ конкуренцијата туку така да ги помине.

Следете не’ во деновите што следат за да прочитате за некои од најинтересните и најдобри новитети кои ќе бидат дел од CES 2023.

Претходна статијаiPhone 15 Pro треба да има доста подобро траење на батеријата
Следна статијаSamsung прикажа нов екран кој може да се превиткува и издолжува
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.