На CES 2023 саемот, Samsung како и обично ќе ги има едни од најинтересните технологии, покрај презентацијата на наредните генерации од тие кои веќе се користат кај производите на пазарот.

Samsung Display подружницата на компанијата, ќе го презентира Flex Hybrid екранот кој во иднина треба да го видиме кај уредите од компанијата. Овој екран, покрај тоа што може да се превитка, како што е случајот со Galaxy Z Fold серијата, тој може и да се издолжи, односно да се „одмота“ на едната страна.

Како што истакнуваат од компанијата, на левата страна екранот се превиткува, додека на десната се одмотува. Со тоа корисниците добиваат уред кој може да се користи како смартфон со нешто над 6 инчен екран, па се до мал таблет со 10,5 инчен екран со 4:3 сооднос и 12,4 инчен екран со 16:10 сооднос.

Може само да се замисли како во иднина Galaxy Z Fold, покрај тоа што ќе може да се отвори како сега и да се користи како помал таблет, ќе може да се издолжи и да се добие екран погоден за посериозна работа, како и гледање на видео содржина.

Од компанијата дополнително најавија и 17 инчен екран кој се издолжува, зависно од моделот само на едната или двете страни. Овој екран е замислен да се користи кај лаптоп компјутерите, а корисниците ќе добијат можност за „трансформација“ од 13-14 инчен уред, во доста поголем 17 инчен уред.

Заедно со овие екрани, кои се дел од презентацијата за иднината на OLED од компанијата, беше најавена и новата генерација од QD-OLED технологијата која се користи кај телевизорите и мониторите. Оваа година технологијата ќе се користи и кај 77 инчни телевизори, а корисниците можат да очекуваат доста добар конкурент на OLED телевизорите.

New Digital Cockpit претставува влез на Samsung во автомобилската индустрија. Овој екран конкретно е замислен за автономните возила.

ИЗВОРSamsung Display
Претходна статијаCES 2023 саемот за технологија започнува оваа недела со одлични нови технологии и производи
Следна статијаIntel ја претстави 13-тата генерација од своите процесори за лаптоп компјутерите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.