Intel денеска во рамките на CES 2023 саемот, ја претстави најновата генерација од нивните мобилни процесори, односно процесорите наменети за лаптоп компјутерите. 13th Gen Intel Core Mobile ја заокружуваат оваа генерација по претставувањето на десктоп верзиите во септември минатата година.

Како што заклучивме за десктоп верзиите, истото важи и за лаптоп, Intel на пазарот донесува процесори кои ги враќаат на големо во играта, нешто што почна да биде несигурно за оваа компанија, а посебно поради проблемите со процесите на производство.

13th Gen Intel Core Mobile процесорите вкупно содржат 32 процесори, што значи дека ќе има доволно избор за сите категории на лаптоп компјутери, од гејминг и професионалните со H/HX серијата, па се до помалите и полесните со P и U серијата.

Главниот процесор за оваа генерација е i9-13980HX и сигурно ќе ги постави стандардите на пазарот кои останатите ќе треба да ги достигнат, ако не и поминат. Овој процесор е првиот на пазарот на процесори за лаптоп компјутери кој доаѓа со вкупно 24 процесорски јадра. Заедно со максималната фреквенција од 5,6 GHz и поддршката за до 128GB RAM, овој процесор ќе се користи кај најсилните лаптопи кои во основа ќе им конкурираат и на посериозните десктоп машини.

„Рекордната“ бројрка на јадра се постигнува со истата бројка на јадра за перформанси како минатата година, односно 8, но со дуплирање на јадрата за заштеда на енергија кои сега ги има 16.

i9-13980HX ќе работи на 55 вати, но при користење на своите најдобри можности, однсоно карактеристики, оваа потрошувачка ќе оди и до 157 вати. Ова може да се каже дека е една од главните предности кои ги истакнува Apple кога ги промовира своите ARM чипови кои сепак трошат помалку, а успеваат да овозможат исти или барем слични перформанси со силните конкуренти.

Оваа серија на процесори има поддршка како за новата DDR5 меморија, така и за постарата DDR4.

P и U серијата од 13th Gen Intel Core процесорите, која се користи кај „просечните“ и послабите лаптопи, односно кај помалите и доста потенките, ги донесува следните карактеристики:

  • До 14 процесорски јадра, односно 6 за перформанси и 8 за заштеда на енергија
  • Подобра распределба на процесите со Intel Thread Director, врз тоа што го прави самиот оперативен систем
  • Нови и подобрени функции на Intel Iris X Graphics со XeSS Super Sampling и Intel® Arc Control
  • Поддршка за DDR4 и DDR5
  • Поддршка за Wi-Fi 6E
  • Поддршка за до 4 Thunderbolt порти за поврзување на разни додатоци и монитори

Новите уреди кои ќе ја користат оваа нова генерација на мобилни Intel Core процесори, ќе ги видиме уште на овој CES 2023 настан, а секако уште повеќе во месеците што следат.

Целосната листа на нови процесори и нивните карактеристики можете да ја погледнете во продолжение.

ИЗВОРIntel
Претходна статијаSamsung прикажа нов екран кој може да се превиткува и издолжува
Следна статијаNvidia ја претстави GeForce RTX 40 серијата за лаптоп компјутерите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.