За време на нивниот Intel Innovation настан, покрај неколку други работи, од компанијата ја претставија 13тата генерација од нивните Intel Core процесори. Можеби процесот на производство останува истиот со претходната генерација, односно Intel 7 процесот со мали подобрувања, сепак новите процесори донесуваат доста големи подобрувања преку зголемување на фреквенцијата на работа и бројот на јадра.

Предводник на новата генерација е секако i9-13900K процесорот кој може да работи до 5.8 GHz преку „оверклокување“, со што Intel го најавуваат како најдобриот процесор за „гејминг“ на PC, со 24% подобрени перформанси за играње на игри.

Овој процесор овозможува 15% подобрени перформанси кај едно јадро во споредба со претходната генерација, но тоа што ја прави целата генерација посебна се поголемиот број на Е-јадра, кои се тука за заштеда на енергијата и не толку силни задачи.

Вкупното подобрување на перформансите кај новите процесори, односно перформансите со повеќе јадра изнесува дури 41%, а тоа се должи на зголемувањето на бројот на јадра и бројот на „тредови“.

Новите 13th Gen Intel Core процесори доаѓаат со до 24 јадра и 32 „тредови“. Заедно со Thread Director и новата Windows 11 2022 Update верзија, се овозможува доста подобра распределба на „задачите“, односно кое јадро што ќе прави во одреден момент, а посебно кога корисникот прави нешто кое бара доста моќ и енергија.

Заедно со i9-13900 процесорot беа претставени уште 5 процесори, односно уште два, а секој од нив има К и KF верзија. Претставени беа i7-13700K/KF и i5-13600K/KF процесорите кои имаат фреквенција на работа од 2.6 до 3.4 GHz, односно од 3.9 до 5.4 преку „оверклокување“.

Со оглед дека се работи за десктоп процесори, потрошувачката е соодветна, односно 125 до 253 W за најсилниот во серијата кога е „оверклокуван“. Сите нови процесори доаѓаат и со новиот Intel UHD Graphics 770 графичка процесор.

Од Intel најавуваат оваа генерација да има околу 50 процесори кои ќе бидат претставени во периодот што следи. Процесорите што беа претставен вчера треба да станат достапни од крајот на октомври и се најавува иста цена како кај ланските.  

ИЗВОРPCWorld
ИЗВОР 2Intel
Претходна статијаMeta тестира полесно префрлување помеѓу Facebook и Instagram сметките, како и нивно заедничко креирање
Следна статијаIntel Unison конечно ги спојува Android и iOS смартфоните со десктоп компјутерите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.