Со најавите дека TSMC, познатиот тајвански производител на чипови, ќе го започне производството со нивниот најнов 3nm процес, почнаа да излегуваат и очекувањата за што е тоа што ќе донесе за корисниците.

Иако Apple не се единствените кои ги произведуваат своите чипови во TSMC, тие се нивниот главен клиент, па излегоа и првите најави за iPhone 15 Pro и перформансите на овие уреди.

Според информациите, корисниците може да очекуваат значително подобрување во траењето на батеријата со едно полнење. Ова се должи на зголемувањето на ефикасноста на 3nm процес, па чипот се очекува дека ќе троши 35% помалку во споредба со претходните. Ова секако не е мала разлика, односно е доволно голема за да може да се забележи од страна на корисниците.

iPhone 15 Pro ќе работи на A17 Bionic чипот, додека двата модели кои не ја носат Pro ознаката се очекува дека исто како минатата година, ќе работат на претходната генерација од чипот на Apple.

Се’ уште не претставениот M2 Pro чип исто така се очекува дека ќе работи на овој нов процес на производство, па поголеми подобрувања кај перформансите се очекуваат и кај MacBook Pro и другите Mac компјутерите кои ќе бидат претставени оваа година.

ИЗВОРFPT
Претходна статијаGalaxy S23 серијата ќе дојде со дупло поголем простор за податоци
Следна статијаCES 2023 саемот за технологија започнува оваа недела со одлични нови технологии и производи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.