Intel Atom серијата беше позната по тоа што се вградуваше во најевтините и најмали лаптопи, таблети и дури и смартфони. Сепак, Atom серијата не беше особено успешна, особено поради големата офанзива од ARM процесорите, кои нудеа подобри перформанси и многу помала потрошувачка на енергија. Затоа, Intel ја пренамени Atom серијата на чипови – новиот Intel Atom C3000 процесор е наменет за серверите.

Intel во овој сегмент нема да има особено голема конкуренција – ARM чиповите и не успеаја на серверскиот пазар, иако тоа првично се очекуваше. C3000 има и предност во однос на тие чипови бидејќи е многу флексибилен. Базиран е на Goldmont архитектурата и има од 2 до 16 јадра, зависно од моделот. Бидејќи се работи за серверски процесор, тој може да работи со максимум 256 GB рам меморија и тоа од сите видови – од таква за десктоп до таква за серверски машини.

Чипот поддржува и 4 мрежни адаптери со брзина од 10 Gb, како и 20 линии на супер брзи HSIO приклучоци. Поточно, чипот поддржува 36 линии, но корисникот може да избере да функционираат само 20 во исто време. Ова го прави исклучително флексибилен – секој купувач ќе може да одбере какви линии сака да бидат активирани, според неговите потреби.

Во поглед на перформансите, новата Goldmont архитектура се очекува да донесе големи подобрувања во брзината, иако од овие процесори не треба да очекувате супер високи перформанси – тие се направени за константна работа и мала потрошувачка во големи дата центри, каде брзината на процесорот и не е најважна.

Извор: Info World, ExtremeTech, Hard OCP

Претходна статијаПрепознавањето на лицето кај iPhone 8 ќе трае милионити дел од секундата
Следна статијаКасперски под лупата на ФБИ

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.