Досега веќе имаше десетици протечени информации и фотографии од iPhone 8 и можеме слободно да кажеме дека имаме добра претстава за тоа како ќе изгледа и кои функционалности ќе ги има најдобриот смартфон на Apple досега.

Според информациите кои ги имаме, кај iPhone 8 најверојатно ќе биде исфрлен читачот за отпечатоци за прсти, кој кај актуелните модели е една од функционалностите од која корисниците е прилично тешко да се одвикнат, бидејќи е многу лесен за користење, брз и доверлив. Затоа, доколку Apple мора да го промени, бидејќи кај iPhone 8 и нема Home копче каде може да се вгради читач за отпечатоци, тие треба да направат нов систем за заштита кој ќе биде подобар во сите три категории.

Нивното решение ќе биде 3D читач на лицето на корисникот. Вакви решенија веќе има во неколку паметни телефони, како на пример во Galaxy S8 и според моите тестирања, кај најголемиот конкурент тој работи брзо и доверливо.

Сепак, кај iPhone 8 брзината ќе биде уште поголема – според информации од Јужна Кореја од сите места, iPhone 8 ќе може да го прочита лицето на корисникот за неколку милионити делови од секундата, што е навистина краток временски период. Според истите информации, системот ќе може да го вчита лицето со молневита брзина дури и во темни услови, бидејќи тогаш ќе користи инфрацрвена светлина, како и додека лежи на масата, што значи дека ќе има поширок агол на гледање.

Интересно, Qualcomm работи на иста технологија која наскоро ќе се вградува во Android смартфоните од високата класа и која според нив ќе биде уште побрза од онаа на Apple. Дали ова значи и убивање на читачите за отпечатоци на прсти? Не би рекол – користењето на отпечатокот е и натаму побезбедно отколку 3D читање на лицето, освен ако во тој случај не се употребува скенирање на ретината на окото.

Извор: 9 to 5 Mac, TechCrunch, Ubergizmo

Претходна статијаГугл знае да отстранува водени печати со помош на софтвер
Следна статијаIntel претстави нов Atom процесор, сега наменет за серверите