Компанијата Dyson специјализирана во правење паметни домашни уреди ја презентираше својата нова роботизирана правосмукалка Dyson 360 Eye™ која ја скенира околина преку камера која има радиус од 360 степени. За разлика од своите конкуренти како LG и Samsung оваа компанија тврди дека ја претставува иднината не само на домашните уреди туку и во навигацијата на робототите во целост.
Како што велат од Dyson, 360 Eye постојано ја набљудува околината и предметите во неа, користи комплексни алгоритми, теорија на веројатност, геометрија и тригонометрија за да ja мапира собата. Автоматски бележи што исчистила и што допрва треба да се дочисти.
Уште една нова технологија која ја претставуваат заедно со овој уред е Radial Root Cyclone. Системот собира прашина на микроскопско ниво со тоа што генерира високи центрифугални сили за да ги собере и најмалите честички од полен и прашина.
Кога сме веќе кај вакумот, од компанијата исто тврдат дека создале мал но доста моќен мотор. Наречен Dyson Digital Motor V2, моторот за чие истражување се потрошени 150 милиони фунти користи танарачена технологија pulse која му овозможува да развие до 78 илјади вртежи во минута. За да може да се движи слободно низ домот и притоа да не застане на речиси ниедна скала, Dyson 360 eye наместо обични користи тркала во вид на гасеница. Единствено што се покажува како предизвик е тоа што батеријата на овој уред издржува само 20 до 30 минути, но со оглед на ефикасноста и времетраењето на чистењето ова би требало да е сосема доволно.
Ова е втор обид на компанијата да произведе роботизирана правосмукалка. Тие во 2001 година создадоа прототип наречен DC06. Системот на овој уред се состоел од 84 сензори за кои биле потребни три компјутери. Можеби една од главните причини зашто овој уред тогаш не се појавил на пазарот е што првичната цена ќе изнесувала неколку илјади долари.
Сепак техниката која DC06 ја користела е доста слична со сегашни популарни роботизирани правосмукалки кои користат навигација која работи на принципот на одбивање од предмети за дури потоа да го обележи поминатиот пат.
Правосмукалката Dyson Eye 360 се очекува да се појави на британскиот пазар наредното лето, а цената ќе се движи околу 750 фунти.