windows

Моментално, дури и ако не се земат во предвид постарите верзии од оперативниот систем кои што се користат од голем број од корисниците, Windows може да се каже дека има прилично збунувачки начин на именување на своите верзии. За десктоп, но и одредени таблет компјутери тука е Windows 8. За таблет компјутерите кои што работат на ARM процесори, оперативниот систем е наречен Windows RT и оваа верзија овозможува само неколку програми да работат во десктоп околината, а корисникот целата работа треба во главно да ја врши преку модерната Start околина. Корисниците на мобилни телефони ја користат Windows Phone верзијата од оперативниот систем, која што сепак е целосно различна од претходните.

Според повеќето информации до кои што може да се дојде, вклучувајќи и официјални од компанијата, Microsoft во наредната верзија од овој оперативен систем планира неколку промени. Едната од тие промени е унифицирањето на верзијата за мобилни телефони и за таблет компјутери кои што работат на ARM чиповите во една Windows верзија. Десктоп компјутерите ќе добијат доста подобрувања кои што беа причина за слабата популарност на 8-мата верзија кај корисниците. Исто така се најавува менување на начинот на надградба на системот во иднина, односно наместо вадење на поголеми нови верзии со повеќе промени на подолг период, од компанијата треба да започнат со почести надградби кои што покрај сигурносни надградби и подобрувања на перформансите, треба да вклучуваат и нови функции. На овој начин нема да има потреба од претставување на нови верзии од оперативниот систем за воведување на нови функции.

Michael Gillett, човек кој што ги следи случувањата околу Microsoft има забележано дека во една од рекламите за новата Nokia Lumia 930 никаде не се споменува зборот Windows Phone, туку цело време за телефонот и оперативниот систем се користи зборот Windows. Според него, ова, како и HTC One (M8) for Windows може да претставуваат докази дека од компанијата размислуваат за едно име за сите верзии од оперативниот систем. Наместо системот да има посебно име за секоја нова верзија, како и за секој вид на уред, можно е Windows едноставно да биде наречен Windows.

Наредната верзија од Windows се очекува да биде претставена на крајот од овој месец, па сигурно од компанијата ќе ги најават ваквите планови, доколку навистина постојат. Дали вие сметате дека Windows од сега, па натаму треба да биде едноставно нарекуван Windows или треба да се задржи досегашниот стил на именување ?

Извор: The Verge, Piptell

Претходна статијаSteve Ballmer го има напишано првиот текст за познатиот Blue screen of death
Следна статијаDyson 360 Eye, мошне прецизна роботизирана правосмукалка
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.