Непотребно е да се трошат зборови за улогата што гигантот Nokia ја има на пазарот на мобилни телефони, па затоа може веднаш да се посветам на нивниот најнов модел, наречен Nokia Lumia 930. Се работи за модел кој треба да ја претстави новата генерација на паметни телефони што работат на оперативниот систем Windows Phone 8.1.

Овој наследник на Nokia Lumia 925 (со димензии 137x71x9.8mm и тежина од 167g) ќе се соочи со исклучително тешка задача во придобивањето корисници, затоа што е јасно дека за конкуренција има одлични телефони во името на Galaxy S5 и Xperia Z2. Сепак, очекувањата се огромни и Nokia, како и Microsoft, очекуваат токму Lumia 930 да е причина за голем број на корисници да се решат да им дадат предност на Windows паметните телефони.

Една од главните новини на овој телефон е, јасно, најновиот Windows Phone 8.1 оперативен систем, кој доаѓа со низа новини, меѓу кои и Action Center, менито за нотификации кое работи на принципот повлекување. Подеднакво важно е и тоа што сите активности на овој телефон ќе ви бидат прикажани на 5 инчен екран и HD резолуција од 1080×1920 пиксели. Притоа, ќе можете екранот да го прилагодувате до агол од 180 степени.

Според изјавите на Nokia, батеријата на Nokia Lumia 930 може да трае до 18 дена во мирување, додека во телефонски разговори можете да потрошите максимум 15.5 часа со едно полнење.

Што се однесува до моќта на самиот мобилен телефон, мора да се напомене дека Nokia максимално сериозно ја сфатиле работата, па така доколку се решите да го купите Lumia 930, ќе добиете четиријадрен 2.2GHz Qualcomm Snapdragon 800 процесор кој работи во комбинација со 2 GB рам меморија. Љубителите на дигитални слики, како и „selfie-фриковите“ меѓу вас, дефинитивно ќе минуваат часови користејќи ја главната камера од 20 мегапиксели, со бројни додатоци кои помагаат за подобра острина, стабилизација на оптичката слика итн. Истата камера може да се користи и за снимање HD 1080p видеа, што е секако уште една причина сериозно да размислите за овој телефон. Доколку се вбројувате во оние што сакаат да воспоставуваат видео повици, тука е и предната камера од 1.2 мегапиксели.

Nokia Lumia 930 ќе се појави на пазарот во четири бои: црна, бела, портокалова и зелена. Истовремено, поседува внатрешна меморија од 32 GB, што е сосема доволно за сечиј вкус, па затоа не чуди одлуката на финскиот гигант да не биде вклучен слот за micro SD картица.

Иако официјално не е познато кога Nokia Lumia 930 ќе се појави на пазарот, се очекува истото да се случи во летниот период, а цената на овој импресивен модел да изнесува 599 долари.

Претходна статијаIntel го претстави Thunderbolt Networking со можност за поврзување на Mac и PC
Следна статијаПоддршката за Windows XP официјално завршува денес