bsod-ballmer

Доколку сте корисник на Windows или некогаш сте биле, што сигурно за поголемиот дел од вас ова е точно, сигурно барем неколку пати го имате видено Blue screen of death. Се работи за посебен екран со сина позадина кој што се појавува кога некоја апликација ќе се закочи и целиот систем не може да функционира поради тоа. Преку овој екран корисникот е информиран за случајот и му се дадени неколку можности како да продолжи понатаму.

Можеби во денешно време, со поновите верзии од Windows многу поретко се случува појавата на овој екран, меѓутоа во постарите верзии ова беше за некои корисници и едно неделна појава.

Steve Ballmer, поранешниот директор на компанијата испадна дека е лично авторот на текстот кој што има стоено на постарите верзии од Windows, односно 3.1. Информацијата за ова ја објави Raymond Chen, програмер во компанијата преку неговиот блог, а во него ја раскажува приказната за тоа како доаѓа до тоа да Ballmer го напише овој текст.

Во тој период Ballmer бил главен на секторот за системи на компанијата. Како што тоа било нормално, тој поминал еден ден да провери како иде работата кај тимот кој што работи на Windows оперативниот систем. Во тој момент тие работеле на овој текст, па Ballmer искоментирал дека текстот не му се допаѓа, односно дека нешто не е како што треба. Одговорот што го добил е дека може слободно самиот да го напише, ако мисли дека може подобро, па за изненадување на сите, тој седнал и го напишал текстот. Текстот се покажал како добар, па истиот почнал да се користи во официјалната верзија од оперативниот систем.

Од тогаш текстот е променет неколку пати, а во најновата верзија Windows 8, дури вклученa е и натажена икона, под која што е поставен нов текст.

Извор: The Verge, MSDN Blogs

Претходна статијаGoogle Chrome на Android го доби новиот Material Design изглед
Следна статијаСите верзии од Windows во иднина ќе се викаат едноставно Windows
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.