Можеби една од најдобрите новости минатата година, барем на оваа тема, беше враќањето на AMD на сцената со сериозни конкуренти на доминантните Intel процесори. Компанијата со новите AMD Ryzen процесори конечно после повеќе години претстави серија која вистински му конкурира на Intel. Со тоа многу добија корисниците, кои не само што добија дополнителен избор од одлични процесори, туку добија и дополнително мотивиран Intel кој дојде во ситуација да мора да ја задржи својата пазарна позиција.

На крајот од минатата недела AMD ја претстави втората генерација од Ryzen чиповите. Се работи за делумно подобрување на перформансите, односно стандардно за нови модели после само една година. Поголемите промени може да се очекуваат од наредната надградба.

Втората генерација на AMD Ryzen се направени во 12 нанометарска технологија, односно на база на Zen+ технологијата од AMD. Дополнително од ланските модели е и вклучувањето на „кулери“ од Wraith серијата.

AMD оваа година овозможува 4 модели, односно 2 осумјадрени процесори со 16 „тредови“, како и 2 шестјадрени процесори со 12 „тредови“.

Главниот во групата е Ryzen 7 2700X кој ќе работи на 3,7 GHz, со можност за појачување до 4,3 GHz. Ќе се продава по цена од околу 329 долари.

Најслабиот и најдостапен модел од групата е Ryzen 5 2600 и ќе се продава по цена од 199 долари. Тој ќе работи на 3,4 GHz со можност за појачување до 3,9 GHz.

Сите нови процесори ќе работат на новиот X470 AM4 чипсет од AMD, а заедно со нив ќе бидат претставени и нови X470 матични плочи.

На следната табела се прикажани четирите модели од втората генерација од AMD Ryzen, а за повеќе детали околу овие нови процесори ќе треба да го причекаме нивното официјално пуштање во продажба за три дена.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2AMD
Претходна статијаСтрип на месецот: All-New Wolverine
Следна статијаAlterEgo е нов систем од MIT кој може да ги разбере зборовите кои си ги кажуваме во главата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.