Во текот на 80-тите, Wolverine беше еден од најпопуларните стрип суперхерои на Marvel [sidenote: како карактер, Wolverine прв пат се појавува во ноември 1974 година, во 181-број од Incredible Hulk; а свое соло издание добива во септември 1982]. Стрип-фановите буквално растеа со агонијата и херојството на Logan, мутантот со железни канџи (кои се всушност коски). Но, секоја приказна има свој крај (или, во случајов, нешто приближно) – така и со Logan. Но, доста за „оригиналниот“ Wolverine.

Месецов редовно се дружиме со Laura Kinney (Х-23), „ќерката“ (поточно, генетски клон) на Logan со која се продолжува приказната на Wolverine во стрипот All-New Wolverine (прв број издаден во 11ноември, 2015), напишан од Tom Taylor и цртан од David Lopez. Станува збор за продолжување на наследството на Wolverine со нова крв и возбудливи и интересни приказни во кои Laura се дружи и соработува со голем број Marvel јунаци (од Deadpool до агентите на S.H.I.E.L.D. или пак Captain America).

Laura е изненадно интересен и повеќеслоен лик која е клон на Wolverine од страна на тајна организија наречена The Facility со една цел – да биде еден вид на несопирлив платен убица, со слични (појачани) способности како Logan (healing factor, засилени сетила, железни канџи, итн.). Нејзините авантури почнуваат кога успева некако да избега од организацијата со помош на Logan и почнува да работи за „добрата страна“. Laura има и своја дружина, карактери кои се изворни на All-New Wolverine и ја разубавуваат авантурата на свој начин (како што е Gabby, друг Wolverine клон, којa е помала сестра на Laura и најсаканиот лик во стрипот).

Освен возбудливите и модерни приказни на новата хероина и стандардно добриот art за стриповите на Marvel, All-New Wolverine е стрип кој има паметни дијалози, одлично разработени карактери и лајт хумор кој е добар контраст на бруталноста на приказните.

Во овој контекст, вреди да се напомене дека вообичаено луѓето тешко ги прифаќаат новите херои кои доаѓаат на местото на оние кои ги имаме навикнато со години. Се поврзуваме со хероите, како да ни се еден вид психолошка котва на времето и периодот во кој сме ги читале/гледале. Но ова не значи дека времињата и ние не се менуваме, а со нас и новите уметнички форми кои ни се нудат. Трикот е во врската што го поврзува денешното со она што било пред него, она што го претставува континуитетот на времето. Само така е можно новите „римејкови“ да бидат достојни да ја продолжат приказната на нашите стари херои.

Веруваме дека All-New Wolverine и Laura во голема мера успеваат да го постигнат. Laura е внимателно изграден лик кој обезбедува и континуитет на приказната на Logan но истовремено развива сопствен timeline кој е интересен и свеж за читателите. И затоа топло го препорачуваме.

Претходни препораки за стрипови:

Претходна статијаSamsung Galaxy J2 Pro – Смартфон кој не може да го поврзете на интернет
Следна статијаAMD ја претстави втората генерација од одличните Ryzen процесори