Apple, во делот наменет за бизнис корисниците од нивната страна, објави нова страна преку која се истакнуваат 11 причини зошто Mac треба да е изборот на корисниците.

Како што би се очекувало, како главна причина, ставена е под број 1 и 2, е новиот чип М1, кој е развиен од компанијата и досега се покажува како доста подобар од конкурентите, а посебно Intel. Компјутерите кои работат на овој ARM чип се покажуваат подобро од голем дел од x86 чиповите од Intel, а не ретки беа видеата каде се покажува колку подобро работи и Windows на овој чип.

Од Apple истакнуваат дека со M1 чипот, а како пример е земен MacBook Air лаптопот, работењето е за 3,5 пати побрзо од претходните генерации, а посебно се издвојува тврдењето дека работата со Excel е 2 пати побрза во споредба со најдобрите PC конкуренти во истата ценовна категорија. Истото важи и за сурфањето на интернет, кое е за 50% побрзо.

Останатите 9 причини се однесуваат на долгото траење на батеријата, едноставноста за ИТ секторите, како и дека лесно се пушта во употреба Mac и без ИТ сектор, користењето на Mac од страна на најиновативните компании, безбедност, достапност на апликации и слично.

ИЗВОРApple
Претходна статијаТоп 5 нови игри за совршен гејминг на вашиот телевизор
Следна статијаWindows 11 ја доби својата прва верзија во бета каналот од Windows Insider програмата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.