Фото: United

Една од најпознатите авиокомпании во САД, United, склучи договор со Starlink за овозможување на брз интернет за своите патници, преку екраните на седиштата и преку уредите од патниците. 

Договорот ја вклучува целата флота од повеќе од 1000 авиони, а процесот на имплементација се планира за наредните неколку години. Тестирањето ќе започне од почетокот на идната година, додека првите патници ќе можат да го пробаат интернетот во текот на годината. 

Патниците ќе можат да го користат интернетот бесплатно преку Wi-Fi мрежата на авионите на своите уреди, како и преку вградените екрани на седиштата. 

Главната предност со овој договор секако ќе биде брзината на интернетот, па корисниците ќе можат да ги прават сите стандардни активности како и дома или на работа. Тоа значи дека тие ќе можат да стримуваат филмови, да играат игри, да работат со прикачување датотеки и слично. 

Starlink своите сателити ги поставува во ниската орбита на Земјата поради што се погодни за користење од било која позиција, па и од авионите. Двонасочната комуникација е карактеристична за Starlink за разлика од стандардните сателити кои одамна нудат одреден интернет пристап. 

Инаку, Starlink како проект е под SpaceX компанијата на Елон Маск, а од пред две години интернетот е достапен и за корисниците во Македонија. 

ИЗВОРUnited
Претходна статијаРедоследот по кој се очекува достапноста на Apple Intelligence функциите
Следна статијаNeuralink сега работи на уред за враќање на видот на луѓето
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.