Starlink проектот од познатата вселенска компанија SpaceX на Елон Маск, стана официјално достапен во Македонија. Овој интернет пристап е овозможен преку голем број на сателити кои се поставени во ниската орбита на Земјата, а во годините што следат се планираат повеќе илјадници сателити за оваа намена.

Целта на SpaceX со Starlink е да овозможат интернет пристап на сите делови од Земјата. Во некои делови ова би значело прва можност за интернет пристап со поголема брзина, додекка во други ја има предноста од поврзување на интернет во делови со полоша поврзаност, како на пример викендички во планински делови.

Доколку се отиде на страната од Starlink може да се види мапа на достапност на сервисот, каде сега е вклучена и Македонија. Доколку се отиде на нарачка достапна е информацијата дека сервисот би почнал да функционира од втората половина на годината, односно доставата на потребната опрема би била тогаш.

За поврзување на Starlink се користи опрема целосно обезбедена од компанијата, односно се добива сателитска антена, рутер и сите потребни работи за да се овозможи сервисот.

За разлика од другите сателитски интернет пристапи, Starlink функционира целосно независно, односно не е потребна дополнителна конекција. Исто така, брзините на пристап се доста големи, може да се споредат со оптичкиот интернет, а има и мала латенција.

Цената на сервисот очекувано не е ниска, па покрај трошкот за опремата од 39.700 денари, се плаќа и трошок за достава од 3.650 денари, додека месечната претплата изнесува 6.570 денари.

Претходна статијаБроиме ситно до Европското првенство во танци 2022
Следна статијаMicrosoft го претстави Microsoft Defender за приватни корисници како едно решение за заштита на сите уреди на корисникот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.