Скопје, 17.06.2022– Дали сте спремни? После флешмоб и џубокс, со хип хоп бетл се доближуваме поблиску до настанот кој ќе спои преку 20 земји од Европа.

На Европското првенство во танци 2022, кое ќе се одржи од 2ри до 5ти јули, во Ист Гејт и СЦ Јане Сандански, ќе учествуваат преку 3000 танчери од цела Европа.

За таа цел, оваа сабота (18.06.2022), со почеток од 18 часот, на платото во Ист Гејт, како последна најава за првенството, ќе се натпреваруваат преку 100 танчери од различни возрасти.

Програмата е замислена како дружење и размена на искуства на ритам машини, но и мал шоу натпревар помеѓу врвните танчери од цело Скопје.

За учесниците со најдобри перформанси следуваат многу изненадувања, а за сите обожаватели на хип-хопот следува незаборавно музичко уживање.

Претходна статијаTotal Cookie Protection функцијата сега е автоматски вклучена за сите корисници на Mozilla Firefox
Следна статијаИнтернет пристапот од Starlink достапен и во Македонија

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.