Neuralink на Елон Маск ја отвори можноста за пријавување на пациенти за тестирање на нов уред. Досега компанијата беше позната по овозможувањето на лицата со инвалидитет на целото тело да можат да контролираат компјутер со нивниот ум.
Новиот уред, наречен Blindsight, исто така е поврзан со мозокот на пациентот, но во овој случај треба да им овозможи вид на луѓето кои го имаат изгубено или се родени така.
Од Neuralink објавија дека имаат добиено Breakthrough Device Designation од FDA за Blindsight уредот, па ги повикуваат заинтересираните да се пријават, а исто така отвораат и позиции за нови вработени да работат на развојот.
Оваа новост Елон Маск ја објави на X со слика од познатиот лик од Star Trek: The Next Generation Џорди Ла Форџ. Тој е познат во серијата како човекот кој ги носи нестандардните футуристички очила кои му овозможуваат да гледа.
Причината поради која Маск ја користи оваа слика е и поради најавата дека пацитентите ќе можат да гледаат и инфрацрвени, ултравиолетови и дури и радарски бранови должини, исто како Џорди во Star Trek.
Маск исто така информира дека пациентите кои се родени слепи или тие кои го имаат изгубено видео, па дури и очите, ќе можат повторно да гледаат, а единствен услов е да се’ уште го имаат здрав оптичкиот нерв.
За почеток најавува можност за гледање во пониска резолуција, која ја споредува со графиката на познатата конзола Atari, но со тек на време ќе може да се очекува подобра резолуција.