Фото: Apple

Apple вчера ги пушти финалните верзии од iOS 18, macOS Sequoia и другите, а тоа ќе требаше да биде официјалниот влез на компанијата на трендот со функции со вештачка интелигенција. 

Сепак, веќе со недели е јасно дека ова е одложено за идниот месец со пуштањето на iOS 18.1 идругите системи, па корисниците на Apple ќе почекаат уште некоја недела за да ги добијат презентираните Apple Intelligence функции. 

Тоа што можеби повеќето не го знаат е дека идниот месец со iOS 18.1 нема да бидат пуштени наеднаш сите презентирани функции, па не е само понапредната верзија од Siri која ќе почека некој месец за пуштање. 

Според информациите, тоа што може да се очекува идниот месец се функции како можноста за пишување, проверка и сумирање на текст, сумирање на известувањата кај некои апликации како Messages и Mail, можноста за тргање на делови од сликите во Photos, нов Focus режим, сумирање на статиите во Safari и мали подобрувања кај Siri. 

За декември, кога се очекува пуштањето на iOS 18.2 и другите системи, треба да биде пуштена апликацијата Image Playground која овозможува генерирање на слики врз основа на насоки од корисниците, а оваа можност ќе биде интегрирана и во неколку од апликациите од Apple. Дополнително, со оваа верзија се очекува пуштањето и на Genmoji, новата функција за генерирање на „емоџи икони“ врз основа на насоки од корисникот. 

Со iOS 18.2 се очекува и пуштањето на интеграцијата на ChatGPT во Siri, па кога корисниците ќе побараат нешто што е посложено и поголемо за јазичните модели на Apple, ќе биде понудено барањето да биде испратено до овој „четбот“ од OpenAI. 

На крајот, поголемите подобрувања кои беа презентирани за Siri се очекуваат идната година со пуштањето на iOS 18.4. Тогаш Siri ќе стане доста поспособен асистент, нешто што беше очекувано уште од пуштањето пред години. 

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаДостапни iOS 18, iPadOS 18, macOS Sequoia, watchOS 11 и tvOS 18
Следна статијаАмериканската авиокомпанија United склучи договор со Starlink за доста побрз интернет кај повеќе од 1000 од своите авиони
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.