Женшен
Фото: Getty Images
Женшен
Фото: Getty Images

Кинескиот 12 милионски град Шенжен комплетно ја електрифицираше целокупната флота автобуси за јавен превоз. Вкупно 16 359 автобуси кои оперираат во градот се заменети со електрични модели.

Дополнително, речиси половина од такси возилата кои работат во градот се електрични. А, амбициозниот план предвидува комплетно електрифицирање на целиот јавен превоз до 2020-та година. Покрај замената на самите возила, ова претставуваше и крупен инфраструктурен проект. Градот изгради и 510 станици за напојување, како и 8 000 „столбови“ за полнење. „Столбовите“ имаат капацитет да ја наполнат батеријата на автобусот за само 2 часа. Се проценува дека на овој начин се опслужуваат околу 300 возила дневно.

Чекорот да се електрифицира јавниот превоз во град кој брои 12 милиони жители е повеќе од амбициозен. Меѓутоа потегот се чини нужен поради ноторното загадување кое е проблем во целата држава. Покрај намалената емисија на CO2, намалена е и бучавата во градот. Автобусите на струја се речиси нечујни, во споредба со нивните дизел „роднини“.

Заштедата на долг рок е огромна. Електричните автобуси користат далеку помалку енергија за да оперираат, не загадуваат и  не продуцираат бучава. Реализацијата на проектот го чинеше Шенжен 490 милиони долари.

Извори: Engadget, Wikipedia, Futurism

Претходна статијаСопственикот на Amazon најбогат бизнисмен во 2017-та година
Следна статијаMotorola, HTC, Samsung и LG демантираат намерно забавување на нивните уреди