Apple

HTC

Motorola и HTC истакнаа дека нивните мобилни уреди не стануваат побавни со текот на времето, како последица на стареењето на нивните батерии. Реакциите не стивнуваат откако неодамна Apple призна дека нивните уреди намерно стануваат побавни. Имено, Apple ги забавува уредите како последица на стареењето на батеријата со цел да се пролонгира животниот век на уредот.

Меѓутоа, Motorola и HTC се оградуваат од ваквата пракса. Двете компании беа први кои се огласија во јавноста по ова прашање. Веднаш по нив пристигнаа реакции и од LG и Samsung. LG кратко и концизно објасни дека никогаш не се потпреле на ваквата пракса, ниту дека воопшто имаат во план.

Од друга страна Samsung даде поопширен одговор. Тие сметаат дека квалитетот на мобилните уреди е врвен приоритет и процесирачката моќ не е нешто со што може да се компензираат хардверски недостатоци. Рокот на употреба на батериите во Samsung уредите е детерминиран со низа заштитни механизми. Дел од нив се софтверски механизми за контрола на напонот и перформансите. Па според тоа, нивните уреди не компензираат со брзината на процесирање во текот на животниот век на уредот.

Темата стана особено популарна поради поделените мислења во јавноста. За почеток, нејасно е дали праксата на намалување на процесирачката моќ на уредот навистина има позитивен ефект врз животниот век на уредот. Понатаму, дали таквата пракса е нормална појава кај уредите од сите марки.

Како што е познато, Apple експериментираше на овој начин од лани со нивните модели 6, 6S, и SE. Од компанијата велат дека со текот на времето батеријата го губи својот примарен капацитет. Па, корисниците се соочуваат со неочекувано гаснење на уредот и слични crush-ови. Намалувањето на процесирачката моќ за да се одбегнат овие ситуации се чинела како единствено логичко решение.

Извори: The Verge, TechRadar

Претходна статијаКинески Шенжен со комплетно електрифициран автобуски јавен превоз
Следна статијаРоботи ги бранат од бездомници тротоарите во Сан Франциско