sls_large

Тие кои не веруваа дека приватната иницијатива може да развива мегаломански проекти како вселенска програма веројатно преќутно ги следат вестите на SpaceX на Елон Маск. Оваа компанија почнува полека да ја освојува вселената со приватен капитал и иницијатива за вселенска програма.

Од друга страна големите државни вселенски агенции не престануваат со нивната работа, па така најновата „екскурзија“ на NASA во оваа област е најголемата вселенска ракета во историјата. Таа само што беше успешно тестирана во пустината на Јута, САД. Потточно, беше тестиран нејзиниот погон кој работи на цврсто гориво направено од прашок од алуминиум, кислородувач и врзивни агенси. Висината на овој погон е околу 54 метри и е најголем во историјата, а има способност да создаде потисна моќ од 1,6 милиони килограми (околу 22 милиони коњски сили). Ваквата моќ секако ќе го остави вашиот автомобил по страна, задишан. Идејата на NASA е да развие ракета која ќе може да покрене голем товар за остварување на најразлични цели, меѓу кои се летови во ниска земјина орбита, достигнување до Месечината и стигнување до Марс во следната деценија.

Во ова се во натпревар со SpaceX на Маск која веќе успешно ги тестираше своите модуларни типови на ракети на кои можат да се прикачат повеќе погони по потреба. Нивните Falcon ракети се направени со оваа цел при ум и можат да се надградуваат по потреба, правејќи ги погодни за било какви мисии. Од SpaceX дополнително работат на остварување на целта на „рециклирање“ на ракетите – во смисла, после нивниот лет да можат да слетаат на Земјата или било каде на друго место без да бидат уништени, што ќе ја намали цената на повторните летови за огромен процент. Тука секако зборуваме за стотици милиони долари. Целта на SpaceX е исто така достигнување на Марс и градење на постојани човечки населби таму.

Успешниот тест на ракетата на NASA како и генерално успешната вселенска програма на SpaceX означува еден нов период во развитокот на вселенските програми и нивната фокусираност кој освојување на Црвената планета, нешто за што сонуваат неколку генерации преку научната фантастика.

За повеќе на оваа тематика посетете ги нашите други статии со ознаката: Вселенски истражувања.

Извор: Fool, Time.com

Претходна статијаMicrosoft развива нов механизам за отворање на мобилни со два екрани
Следна статијаКој ги поседува вашите податоци?