Фото: Shutterstock.com

По брзото враќање на својата директорска позиција, од која беше ненадејно отпуштен директорот на OpenAI, дојде и до промени во одборот на директори на компанијата.

Беше назначен привремен одбор, а беше најавено и дека се планира во одборот во иднина да влезе и најголемиот инвеститор на OpenAI, Microsoft. Од компанијата веднаш им понудија работа на „избрканите“ од OpenAI, во „драмата“ која се случуваше пред две недели.

Од компанијата сега објавија нова информација поврзана со случувањата, а меѓу нив е и изборот на нов одбор. Дел од овој одбор е и Microsoft, но нивната позиција доаѓа без право на глас.

Без разлика на ова, Microsoft се очекува дека ќе има доста големо влијание врз работата на оваа компанија, поголемо од досегашното како најголем инвеститор. Со место во одборот тие ќе имаат по навремени информации поврзани со работата на OpenAI.

„Сатја, Кевин, Ејми и Бред беа неверојатни партнери во текот на случувањата, со точно правилни приоритети до крајот. Тие го чуваа нашиот грб и беа подготвени да нè пречекаат сите ако не можевме да ја постигнеме нашата примарна цел. Јасно го направивме вистинскиот избор за партнерство со Microsoft и возбуден сум што нашиот нов одбор ќе ги вклучи како набљудувач без право на глас. Ви благодарам.“ – истакна Сем Алтман.

Во компанија остануваат и Мира Мурати, како главен технички директор, која ја доби главната директорска позиција по отпуштањето на Алтман. Во компанијата се враќа на позицијата Претседател и ко-основачот Грек Брокман, кој си отиде заедно со Алтман и требаше да го следи во Microsoft.

Позиција во компанијата се бара и за ко-основачот Илија Сатскивер кој беше еден од клучните луѓе за бркањето на Алтман. Тој истакнува дека не му се лути за тоа и дека иако нема да биде во одборот, се бара начин како да продолжи да придонесува внатре во компанијата.

Се’ уште не е познато што точно била причината за отпуштањето на Алтман. Се што имаме како информација е наводното писмо испратено до одборот со тврдења дека директорот успешно одел во правец на развој на вештачката генерална интелигенција, нешто кое од една страна носи големи придобивки, но и големи ризици од друга.

ИЗВОРNeowin
ИЗВОР 2OpenAI
Претходна статијаApple ги прогласи победниците на најдобри апликации за 2023
Следна статијаДесетгодишно дете од Англија поднесе петиција до Apple за промена на „емоџи“ иконата која се нарекува „бубалица“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.