Фото: Shutterstock.com

Измените во законските решенија врз основа на кои производителите ќе мора да го прифатат USB-C приклучокот во ЕУ, без изгласани со големи мнозинство во Европскиот Парламент. Останува уште одлуката која следи после Парламентот од страна на Советот на Европа, по што измените стануваат официјални.

Според новите правила, до крајот на 2024 година сите мобилни телефони, таблет компјутери, дигитални камери, слушалки, рачни видео конзоли, преносни звучници, е-читачи, тастатури, глувчиња, преносни системи за навигација, слушалки за во уво, ќе мораат да дојдат со USB-C приклучок. Од пролетта 2026, ова правило ќе важи и за лаптопите.

Новиот закон беше изгласан со 602 гласа за, 13 против и 8 воздржани, а од ЕУ го промовираат како дел од напорите на унијата за намалување на електронскиот отпад, како и начин да им се овозможи на корисниците да прават повеќе издржливи избори.

Со овој закон ќе треба да се стави крај на ситуациите кога еден производител ги врзува корисниците во неговиот екосистем со дополнителни уреди кои се специјално направени само за нив.

Apple се можеби главната компанијата која ќе биде погодена од оваа промена, со оглед на тоа дека повеќето други веќе одамна го имаат прифатено USB-C приклучокот. Се верува дека Apple од идната година, предвреме, ќе почне да ги следи овие правила, па iPhone 15 ќе дојде со USB-C.

Корисниците во наредните години веќе нема да мораат да купуваат нови полначи секогаш кога ќе купат нов телефон или било кој од другите мали и преносни уреди. Нивните постојни полначи ќе можат да функционираат без проблем и да ги користат без разлика дали се од производителот на новиот уред.

Во објавата за изгласаните промени се истакнува дека и сите уреди кои имаат можност за брзо полнење сега ќе ја имаат истата брзина на полнење, овозможувајќи им на корисниците да ги полнат своите уреди со истата брзина без разлика на полначот кој се користи.

ИЗВОРЕУ
Претходна статијаРеклама дополнително го прикажува Google Pixel Watch
Следна статијаЗапознајте ја серијата Xiaomi 12T која открива нови нивоа на креативност и детали во паметните телефони
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.