На само неколку денови пред претставувањето на Google Pixel Watch, како и Pixel 7 смартфоните, неофицијално објавена реклама целосно го прикажува овој прв паметен часовник од компанијата.

Google веќе го прикажа неколку пати изгледот на часовникот, но преку ова видео многу подобро може да се види и да се добие претстава што точно да се очекува.

Преку рекламата може да се видат и некои од функциите на часовникот, нешто што од Google сепак уште го немаат прикажано и е оставено за настанот. Тука е интеграцијата со Fitbit, односно мерење на пулсот, како и поврзаната функција на „активни зони“, прикажани се неколкуте видови на ременчиња кои ќе бидат достапни, „лицата“ на часовникот, можноста за бесконтактно плаќање, користење на Google Maps, како и доаѓањето на Google Home апликацијата на Wear OS.

Очекувано, Google Assistant ќе биде важен дел од Pixel Watch, преку кого ќе може да се контролираат уредите во паметниот дом.

Официјалното претставување на Google Pixel 7 уредите, а со тоа и Pixel Watch, ќе биде на 6. октомври, односно овој четврток на настан кој ќе може да се следи во живо со почеток во 16:00 часот по македонско време.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статија„Да ги слушнеме и гушнеме“ кампања на Халкбанк посветена на оние што нè пораснаа
Следна статијаЕвропскиот Парламент го изгласа новиот закон кој ќе бара од сите производители да го користат USB-C приклучокот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.