eac223c0-4e1c-11e4-bb0f-af0f03eeec44_cognitive-distractions-AAA

Се’ што ви го одвлекува вниманието додека возите автомобил е со свој ризик, а неодамна “AAA” со истражување тврди дека и Siri, виртуелниот асистент во голема мера на ментално ниво го одвлекува вниманието на возачот. Истражувањето е спроведено од страна на фондацијата за безбедност во сообраќајот „AAA“ и измерено е когнитивното работно ниво на 45 возачи според нивната комуникација со различни гласовни технологии.

Она што се вели во истражувањето е дека комплексноста на Siri и ниска интуитивност допринеле до значително одвлекување на вниманието. За овој опит користен е iPhone 5 на iOS7, а комуникацијата се одвивала преку микрофон и гласовни команди.

la-fi-auto-voice-tech-20141007

Мерени се интеракциите со Siri за праќање и примање на текстуални пораки, мејлови, ажурирање на социјалните медиуми и сл. Најчестите пробелми кои се имаат појавено се различни одговори од Siri, на скоро исти команди. Иако тврдат дека направиле истражување на повеќе вакви технологии, сепак изоставен е CarPlay за кои Google велат дека е попаметен и побезебеден од било кој iPhone во автомобилот. Од друга страна пак интеракцијата на Google Now споредбено е многу поинтуитивна и дава подобри резултати.

Ова истражување претходи на потегот на “AAA” да создадат доброволни упатства со кој наводно ќе ги охрабрат корисниците да не користат гласовни технологии додека возат бидејќи веруваат дека влијае врз безбедноста на сообраќајот.

Извор: UberGizmo, PDF, Mac Rumors

Претходна статијаAmbi Climate вашата обична клима ја претвора во паметна
Следна статијаNASA ја истражува можноста патувањата до Марс да бидат во состојба на хибернација