ambi climate

Сведоци сме на се’ помасовна интерконективност на паметни уреди во една голема матица на дигитално функционирање, а со Ambi Climate еден стартап сака да ги направи и вашите стари клими исто така паметни.

Со оваа направа конзументите од Европа и Азија ќе имаат можност да направат свој уникатен паметен дом, без разлика дали станува збор за клими во вашите домови или пак како дел од големи вентилациски системи. Компанијата најпрвин го финансираше прототипот преку Crowdtivate, сега сака да собере 25 илјади долари од Kickstarter за да го реализира овој проект.

70b63636a753de2424490f9a7629b705_large (1)

Малиот хаб преку IR трансмитери комуницира со клима уредите, а со вашиот паметен уред преку WIFI. Напојувањето на уредот доаѓа преку микро USB. Но командите не застануваат на обични команди, туку системот ќе ги бележи влегувањата и излегувањата, температурата преку ден, сончеви зраци, внатрешна и надворешна температура. Сите овие информации се синхронизираат во таканаречениот Ambi Cloud систем. Потоа можете да изберете Ambi системот сам да ја прилагодува температурата во просторијата врз основа на алгоритам кој што ги зима во пред сите овие податоци.

Како и други вакви уреди, Ambi е компатибилен со било кој клима уред кој што доаѓа со IR далечински управувач. На Kickstarter има собрано повеќе од 60.000 долари од потребните 25.000. Може да се нарача по цена од 99 долари.

Извор: TechCrunch, Kickstarter

Претходна статијаИнтеракција со мобилните телефони преку ултрасоничен сензор
Следна статија“AAA” сака да и забрани на Siri да зборува со возачот