video_placeholder-d55b4d5c5b0fc9780a8cde8dda9c2b34

Користењето на вашиот мобилен телефон додека возите е незаконско во било која земја и да се наоѓате. Меѓутоа тоа не ги спречува луѓето не само да разговараат додека возат, туку во последно време и да ги проверуваат своите пораки и да одговараат на нив. Ова не се единствените активности кои што возачите можат и ги прават за време на управување со автомобилот. Мобилните телефони се користат во денешно време и за навигација, а тука се и системите на автомобилот кој што содржат контроли за музиката, клима уредот, навигација и слично.

Navdy е интересен уред кој што се обидува да го задржи барем вашиот поглед на патот. Се поставува на предниот дел од вашата шал табла, а составен е од проѕирен 5,1 инчен екран на кого што се проектира слика од уредот. Се поврзува со вашиот автомобил преку OBD II портата, како и со вашиот мобилен телефон преку Bluetooth. Со поврзувањето со вашиот автомобил, на Navdy можете да ги гледате информациите за вашата брзина, потрошувачка на гориво, обртомер и слично. Преку поврзување со вашиот мобилен телефон можете да добивате нотификации, како и да користите одредени апликации како Google Maps, Sptify и слично.

Екранот на Navdy е проѕирен со што се овозможува минимално покривање на вашето видно поле. Работи со гласовни команди, но има и вграден инфрацрвен сензор кој што можете да го користите за неколку гестови со рацете. Уредот ви ги прикажува сите информации кои што ви се потребни за време на возењето, па така со него можете да ја следите вашата брзина, да следите упатства за навигација, да добивате и одговарате на пораки и многу повеќе.

Navdy моментално може да се нарача по цена од 299 долари, а ќе се продава по цена од 499 долари од идната година.

Извор: Engadget, TechCrunch, Navdy

Претходна статијаПовеќето компании ги скенираат вашите пораки за откривање на детска порнографија
Следна статијаMicrosoft најави прекин на поддршката за постарите верзии од Internet Explorer
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.