safety-first

Со оглед на фактот што конкурентите на Google веќе претставија решенија за автомобилите, очекувано беше дека тоа ќе го направат и од оваа компанија. Тоа беше и најавено со формирањето на Open Automotive Alliance, која што беше направена со цел Android да биде донесен во автомобилите во 2014 година. Членови на алијансата се повеќе компании од автомобилската индустрија, како и компании од областа на технологијата. Некои од членовите покрај Google, ги вклучуваат и Audi, Honda, GM, Hyundai, Ford, LG, NVidia, Panasonic, Pioneer и други.

Системот за автомобилите кој што работи на оперативниот систем од Google е наречен Android Auto и во основа работи како и неговите конкуренти. За да може да работи потребно е поврзување на Android мобилните телефон со автомобилот, по што прилагодената содржина се прикажува на екранот. Моментално системот работи само преку поврзување со кабел, но од компанијата работат на имплементација на некое безжично решение.

Корисничкиот интерфејс е едноставен и како што би очекувале наликува на дизајнот со карти кој што се користи од страна на Google. Корисниците ќе можат да го користат преку екрани на допир, меѓутоа тие нема да бидат услов, односно ќе може да се користи и преку копчиња во автомобилот. Без разлика за кој начин на употреба се работи, системот ќе може да се контролира преку гласовни команди. Android Auto ќе прикажува мапи, ќе може да пушта музика од Play, но и од разни друг апликации како Spotify, ќе може да ги прикажува дојдовните повици и слично.

Поголем број на автомобилски производители се приклучени на овој проект, па нивните модели ќе можат да работат со Android Auto веќе од оваа година.

Претходна статијаGoogle го претстави Android TV, ќе биде достапен од оваа есен
Следна статијаТри Android Wear паметни часовници претставени на Google I/O
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.