Доколку сте вечно дете во душа, секогаш и се радувате на можноста да изградите нешто со свои раце и прифаќате предизвици, тогаш сигурно ќе сакате да дознаете повеќе за BRIXO. Тоа се коцки за градење налик на LEGO, со дополнителен шмек – со нив можете да изградите електрични кола!

BRIXO се создадени од мозоците на Amir Saraf и Boaz Almog, двајца физичари од Израел. Тие изгледаат речиси идентично со класичните LEGO коцки, но се премачкани со хром, што ги претвора во спроводници. Boaz Almog сметал дека детските електрични комплети од LEGO имаат премногу жици и така дошол до оваа идеја!

BRIXO имаат четири типа на коцки: конектори, коцки со активност, коцки со тригери и батерија. Се што треба да направите е да ги споите, додајте на крај активност (LED светилка или моторче) и имате комплетно струјно коло! Колото можете да го контролирате на четири начини: со помош на звук, близина, светлост или со Bluetooth преку вашиот мобилен !

Коцките се достапни за нарачка преку проектот на Kickstarter, кај што преку 6700 поддржувачи донирале над 700 илјади долари за само 50 дена за да го добијат овие откачени коцки! Цените се движат од 29 долари за Starter Kit до 1,280 долари за Classroom Special.

Претходна статијаAirbus со нов концепт кој е автомобил и дрон истовремено
Следна статијаКодното име на Galaxy Note 8 е “Great”