Новиот концепт на Airbus наречен Pop.Up е автомобил, дрон, па дури и воз во одредени случаи. Всушност основата е мал автомобил, наречен капсула за патници, кој може да се „закачи“ на дрон со цел да достигне одредена дестинација. Тоа значи дека овој концепт на Airbus се разликува од сите останати летечки автомобили претставени до сега. Интересно е да се спомене дека автомобилот е придвижуван од електричен мотор и не ја загадува околината, што исто така е важно за неговиот маркетинг и продажба во иднина.

Кога станува збор за дизајнот на овој концепт, Airbus соработува со Italdesign, компанија која има изработено многу концепти, особено за BMW и Alfa Romeo. Системот на Pop.Up теоретски работи базирајќи се на вештачка интелегенција, има вертикално полетување и слетување итн. Комбинацијата на патен и воздушен сообраќај може да се покаже како револуционерна во иднина. Капсулата за патници се движи низ улиците на големите градови, се додека не стигне до одредена локација, голем паркинг или слично. Од тука автомобилот се закачува за дрон и по воздушен пат стигнува до крајната дестинација.

Ваквата иновација со сигурност ќе го подобри, или во најмала рака ќе го измени животот на луѓето, особено во големите градови. Неизбежно ќе биде користење на апликација, со цел да се избере најповолното решение за транспорт во даден момент. Како и да е, иднината ќе биде баш како што ја замислувавме. Овој концепт на Airbus наречен  Pop.Up беше претставен на интернационалното автомобилско шоу во Женева.

Извор: VentureBeat, TheVerge

Претходна статијаЗнаменосецот на Nokia ќе има Snapdragon 835, но нема да има Carl Zeiss камера?
Следна статијаОбожавате LEGO? Спремете се за BRIXO!