Во Јуни, HMD Global треба да го претстави долгоочекуваниот знаменосец (веројатно со име P1), кој нормално ќе се продава под брендот на Nokia и трендовски, ќе биде достапен во две изведби, со помал и поголем дисплеј. Колку овој телефон ќе успее да ги задоволи вкусовите на поранешните вљубеници во брендот останува да видиме (досега претставените модели не се особено импресивни), но првите информации не се особено позитивни.

Ова особено важи за камерата, која според нив нема да има Carl Zeiss оптика. Ова не би требало да е огромно ограничување, но истренираното око дефинитивно може да забележи разлика, особено во ситуации на сликање со сонце или други извори на светлина ви позадината. На пример, особено голем проблем со леќата имаат Google Pixel смартфоните, кои имаат технички извонредни сензори, но слаба оптика.

Сепак, камерата ќе има 23 мегапиксели, што е повеќе од скоро сите конкуренти во класата. Ова не мора да значи ништо, но ако HMD Global примени барем малку од експертизата која Nokia ја покажа со PureView моделите во минатото, може да очекуваме фотографии кои ќе бидат компаративни на најдобрите во класата. Исто така, најавени се двојни камери, но не се знае каква примена ќе имаат.

Според информациите, двете изведби на Nokia телефонот од високата класа ќе се разликуваат само по големината на дисплејот и количината на рам меморијата и просторот за податоци. За дисплеите сѐ уште нема информации, но помалиот модел веројатно ќе има 4 GB рам и 32 GB простор, додека поголемиот 6 GB рам и 64 GB простор.

И двата модели ќе бидат целосно изработени од метал, а ќе имаат и не претерано висока цена – ќе се движи од 580 до 650 долари, што е за стотина долари помалку од етаблираната Android конкуренција. Сепак, сите овие информации треба да се земат со мала задршка – до Јуни сигурно ќе дознаеме многу нови работи за вистинското враќање на Nokia на пазарот на паметни телефони.

Извор: Pocketnow, Pocket-lint, GSM Arena

Претходна статијаMicrosoft има идеја за футуристички канцеларии со Surface уреди наоколу
Следна статијаAirbus со нов концепт кој е автомобил и дрон истовремено