Netflix при крајот на минатата година како избор на содржина воведе и игри кои корисниците можат да ги играат без дополнително плаќање, како и без реклами и слично. Изборот на игри моментално е околу 24, но од компанијата планираат да го прошират на 50 до крајот на годината.

Сепак, според бројките од компанијата Apptopia, корисниците не се баш заинтересирани да играат игри преку овој познат стриминг сервис за филмови и серии. Игрите досега се симнати 23,3 милиони пати, а дневно во просек ги играат 1,7 милиони корисници.

Доколку се земе вкупната бројка на корисници на Netflix од околу 200 милиони, игрите ги играат помалку од 1%, што не е баш нешто што од компанија би сакале да остане со оглед на инвестициите кои ги имаат изминатата година.

Плановите на Netflix се сепак долгорочни и не се директно поврзани со задржување на претплатниците, па овие бројки може и да не се толку неочекувани за нив.

Со подобрувањето на бројот и изборот на игри, можно е да се промени и бројката на корисници кои ги играат.

Исто така, голема разлика би направила достапноста на апликацијата за телевизорите од каде корисниците ќе можат да го користат Netflix како замена за играчка конзола, но ва се планови за иднина.  

ИЗВОРMacRumors
ИЗВОР 2CNBC
Претходна статијаSamsung ја пушти првата бета верзија од One UI 5.0 направена на Android 13
Следна статијаДоаѓаат одлично оценети филмови на Pickbox NOW
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.