Тие се магични, необични, убави и топли – филмовите кои овој август доаѓаат на Pickbox NOW се идеални за целото семејство. Фантастични актери, необични приказни и одлични оценки се она што ги краси сите овие филмови – погледнете кои филмови доаѓаат на Pickbox NOW.

Легендата за 1900 (The Legend of 1900) 8/10

Овој феноменален филм е епска приказна за човекот кој можеше сè – освен да биде обичен човек. Во главната улога е фантастичниот актер Тим Рот, кој го толкува ликот на легендата по име “1900“. Како мало бебе, Дени го наоѓа на бродот на кој работи и го одгледал како свој син. 1900 никогаш во животот не го напуштил бродот, откривајќи ги таму своите музички таленти, особено за свирење пијано. Трогателен и посебен, овој филм навистина ја заслужува оценката што ја има.

Кога доаѓа: 5 август

Совршени странци (Perfect Strangers) 7.7

Во една топла летна вечер вљубениот пар Рок и Ева ги очекуваат своите пријатели на вечера. Набрзо започнува гозбата, но во оваа убава, но малку необична ноќ, нешто недостасува. Двата брачни пара започнуваат со невообичаена игра на вистина и предизвик, меѓусебно читајќи си ги пораките на мобилните, што опасно ќе ја искомпликуваа оваа вечер.

Кога доаѓа: 5 август

Хајди (Heidi) 7.4

Според популарниот роман на Јохана Шпири, овој фантастичен филм е приказна за девојчето Хајди, сираче кое оди да живее со дедо ѝ во планина. Но набрзо тетка ѝ доаѓа по неа и ја води кај богато семејство во Франкфурт, како друштво на Клара, девојче во инвалидска количка. Овој прекрасен филм со преубави сцени од Алпите и безвременска приказна е еден од оние филмови идеални за целото семејство.

Кога доаѓа: 5 август

Професорот и лудакот (The Professor and the Madman) 7.2

Со Мел Гибсон и Шон Пен во главните улоги, оваа историска драма е сместена во 19 век. Интересната приказна се врти околу професорот Џејмс Мари кој работи на составување зборови за првото издание на Оксфордскиот речник на англискиот јазик. Набрзо добива повеќе од 10 000 зборовни единици од многу необичен човек – пациент во психијатриска установа за криминалци, докторот Вилијам Мајнор… Необичната приказна и феноменалните актери се идеален спој за филм кој не се пропушта.

Кога доаѓа: 5 август

Совршената палата (The Ideal Palace) 7.1

Џозеф е обичен поштар кој секој ден патува по реката Дром, од село до село. Живее со осамен живот, но конечно ја запознава жената на својот живот, Филомена. Наскоро им се раѓа ќерката Алис, која Џозеф ја сака повеќе од сè. Тој се фрла во луда мисија: да ѝ изгради, со свои раце, неверојатна палата. Овој обичен човек нема да се откаже од својот потфат и ќе посвети 33 години за да изгради неверојатно дело – совршена палата.

Кога доаѓа: 12 август

Сите овие прекрасни и безвременски филмови со фантастични актери и неверојатни приказни гледајте ги само на Pickbox NOW.

Претходна статијаNetflix Games ги играат помалку од 1% од претплатниците на сервисот
Следна статијаTesla ја достигна бројката од 3 милиони произведени електрични автомобили