Фото: Shutterstock.com

На почетокот од минатиот месец Twitter најави дека внатре во компанијата веќе се тестира „edit“ функцијата, а исто така најавија дека наскоро ќе им биде пуштена на корисниците на Twitter Blue, претплата за мрежата која на корисниците им овозможува одредени дополнителни функции.

Од компанијата минатата недела го објавија и првиот „твит“ кој е изменет по неговата објава, а ова е првиот ваков јавно објавен „твит“. Од компанијата во објавата истакнуваат дека сакаат да проверат дали копчето функционира.

Од објавата може да се види дека изменетите твитови ќе имаат посебна ознака, а кога ќе се кликне на нив таа ознака се префрлува на долната страна каде е достапна и информацијата за тоа кога е направена последната измена.

Доколку се кликне на копчето, како и на информацијата, се отвара посебен дел каде се достапни сите измени на објавата по редослед, заедно со добиените лајкови и коментари.

Како што веќе беше најавено, измена на објавите ќе може да се прави само 30 минути по објавата, со цел да се заштити интегритетот на дискусијата, како што истакнуваат од компанијата.

Инаку, дека Twitter работи на ваква можност за првпат беше објавено во април оваа година, а најмногу поради коментарите на Елон Маск кој тогаш го најави и купувањето на мрежата.

Можноста за измена на објавените „твитови“, односно додавање на „edit“ копче, е едно од најголемите барања од страна на корисниците.

Претходна статијаOnePlus го претстави својот часовник од поевтината Nord серија
Следна статијаGoogle „размислува“ гледањето во 4К квалитет на YouTube веќе да не биде бесплатно
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.