OnePlus влезе на пазарот на паметни часовници во март минатата година претставувајќи го нивниот прв паметен часовник OnePlus Watch. Една од главните карактеристики на часовникот, покрај добрата цена, беше најавата дека батеријата може да издржи и до две недели на користење.

Од компанијата сега го претставија и нивниот прв паметен часовник од Nord брендот, кој го користат кај смартфоните од средната класа, односно од тие со нешто пониска цена.

OnePlus Nord Watch е новиот часовник кој треба да се продава по цена од 85 долари, а за почеток таа ќе изнесува 60.

Новиот часовник е направен во стилот на Apple Watch, кратко кажано, односно во форма на правоаголник, а не кружен каков што е првиот модел.

Доаѓа со 1,78 инчен AMOLED екран со стапка на освежување од 60 херци и IP68 рејтинг за отпорност од вода и прашина. Изработен е од легура на цинк и пластика, додека ременчињата од силикон.

Часовникот ќе биде достапен во две бои, односно црна и сина.

OnePlus Nord Watch ќе дојде со очекуваните фитнес и здравствени функции, па така тој има можност за мерење на 105 спортски активности, а тука се и мерењата на пулсот на корисникот, заситеноста со кислород на крвта, како и мерење на спиењето.

Посебно се истакнува, исто како со поскапиот модел, траењето на батеријата кое во случај на активно користење се најавува за 10 дена, а доколку се користи режимот за заштеда на енергија, дури 30 дена.  

Претходна статијаЗдружението Гоу Грин Скопје по втор пат собира младински барања за зелени општини
Следна статијаTwitter го објави првиот јавно достапен „изменет твит“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.