Младите не се застапени во општините и се уште во поголемиот дел не се оформени локалните младински совети – тела кои треба да се залагаат за интересите на младите. Преку овој процес го пренесуваме гласот и потребите на младите во нивната општина. Тие да бидат слушнати! Климатската криза со која се соочуваме бара итни мерки и се што е направено доцна само може да не чини повеќе. Затоа е важно овие промени да дојдат од вашите заедници, и оттаму да се издигнеме кон решавање на глобалниот предизвик.

Затоа ги охрабруваме сите млади да поднесат екопредлог што мислат дека е потребно нивната општина да ја промени и да стане по зелена и по еколошка општина. Сите тие млади кои сакаат да бидат дел од оваа зелена-еко промена можат тука да ги поднесат нивните предлози.

„Со здружението Гоу Грин Скопје  веќе 12 години работиме со млади, со посебен фокус на младински екоактивизам. Се радуваме на фактот дека оваа година сме добитници на наградата за младинско учество, поконкретно за овој процес на реализација на младинските барања за зелени општини, награда доделена од Агенција за млади и спорт и Национален Младински Совет, со што се валоризира трудот на младите при адресирање на различни општествени прашања.“ – Арта Ќерими, проектен координатор.

Имајќи предвид дека Законот за младинско учество беше веќе донесен, а со тоа и одговорностите на општините за вклучување на младите се зголемија, минатата година локалните избори беа одлична можност да почнеме да работиме на директно вклучување на младите во работата на општините. Во таа насока, активистите на Гоу Грин креираа младински барања за 6 зелени општини, кои подоцна беа успешно потпишани со 18 кандидати за градоначалници од 6-те општини во форма на Меморандум за соработка. Оваа година го следиме процесот на реализација на минатогодишните барања, и секако поднесуваме нови и свежи предлози од младите за зелена општина.

Преку создавање и прикажување на добри практики меѓу локалните самоуправи и младите луѓе за локални теми поврзани со заштитата на животната средина и климатските промени ја зајакнуваме демократијата и вклученоста на младите во донесувањето на одлуки.

Примери за позелена општина:

Претходна статијаФИНТЕК МК ве поканува на првата ФИНТЕК Академија во Македонија
Следна статијаOnePlus го претстави својот часовник од поевтината Nord серија
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments