ФИНТЕК МК ве поканува на промотивен настан за првата финтек академија во Македонија. На 4ти октомври со почеток во 19:00 часот ќе се одржи првиот Satellite настан во Netaville.

Финтек МК ги поканува сите студенти на додипломски студии да ни се придружат и да дознаат повеќе за академијата, модулите, влијанието на финтек индустријата и да ја запознаат македонската финтек заедница.

Низ неформална средба ќе ги споделиме нашите активности како Финтек Македонија и ќе ве информираме за сите детали за стартот на академијата. Развивајте ја својата кариера во една од светските движечки индустрии.

Финтек МК е првата Fintech заедница во Македонија, чија цел е да поттикне развој и овозможување на Fintech екосистемот регионално. Бидете во тек со нашите новости и заследете не на Fintech.mk.

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

Претходна статијаA1 Cyber Backup – напредна услуга за сајбер заштита на податоци 
Следна статијаЗдружението Гоу Грин Скопје по втор пат собира младински барања за зелени општини