Фото: Shutterstock.com

Дека една од најбараните функции на Twitter ќе стане дел од оваа мрежа дознавме во април оваа година. Тогаш од компанијата потврдија дека работат на „edit“ копче, а сега конечно има и конкретно придвижување на работите.

Од Twitter информираат дека тие функцијата „Edit Tweet“ веќе ја тестираат внатре во компанијата, а тестот ќе биде проширен и со корисниците од Twitter Blue во неделите што следат.

Со ова може да се каже дека достапноста на оваа функција за сите корисници се ближи, а тие кои плаќаат претплата ја имаат ексклузивната можност да ја пробаат пред останатите.

Без разлика што измената на објавите ќе им биде достапна на Twitter Blue корисниците, сите корисници ќе можат да ја видат.

Во основа, „Edit Tweet“ или измена на „твитовите“ овозможува измена на објавата по нејзиното објавување. Сега доколку корисникот згреши некој дел или заборави да вклучи нешто во објавата, истата мора да ја избрише, па повторно да ја објави со направените исправки.

Во време на тестот корисниците ќе можат да направат „неколку“ измени во период од 30 минути. Ова е поради целта на една ваква функција, а тоа е исправка на печатни грешки и слично, истакнуваат од Twitter.

Кај изменетите објави ќе има посебна икона и ознака со цел точно да се знае дека не се работи за првата и оригинална објава. Со цел заштита од злоупотреби, ќе биде достапна историја на измените, односно корисниците ќе можат да ги видат сите направени измени, вклучително со првата објава.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаSkopje Light Festival 2022 – уникатен и несекојдневен настан вечерва и утревечер во Градски Парк Скопје
Следна статијаSamsung ја претставува колекцијата на нови Bespoke производи кои го подобруваат искуството дома
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.