Фестивалот на светлината – SKOPJE LIGHT FESTIVAL e културно-општествен настан на кој светлосни дизајнери и уметници по петти пат на Скопје и скопјани ќе им ја претстават магијата на светлосната уметност. Темата на овогодинешниот SKOPJE LIGHT FESTIVAL е рефлексијата која нѐ поттикнува да ја истражиме светлината, да ја почувствуваме и да уживаме во нејзиниот пат.

На 5-то издание учество ќе земат авторите: Рубин Трајковски, Анета Стојчевска, Зоран Тошевски, Бобан Манов, Мартин Димитријев, Т33 креатив енд ко, Ана Трајковска, Кристина Пауновска- Гиразова, Елизабета Тошевска и Перо Кованцалиев. Исто така, ќе имаме можност да ги видиме и учениците од ДСУЛУД ,,Лазар Личеноски” со 18 проекции на анимации изработени за време на училишните часови.

Со своја инсталација ќе се престави и тимот на светлосни дизајнери при матичната институција, а во специјално дизјанираната „чил“ зона посетителите на фестивалот ќе ги забавуваат диџеите Бранчез, Зоки Бејбе, Вишко, Сашо-Узун, Томи Бојаџи и Маци Стојановиќ.

“Со цел да одговориме на предизвиците на енергетската криза, а да не го донесеме во прашање одржувањето на фестивалот, бројот на фестивалски денови e сведен на само 2 дена, сите инсталации и перформанси се со ЛЕД осветлување и имаат минимална потрошувачка, а граѓаните на Скопје ќе можат да уживаат во ова културно збиднување исто како сите граѓани на големите европски метрополи, кои и во овие моменти на енергетска криза ги одржуваат фестивалите во полн сјај, дополнително со темата рефлексија ќе се постигне максималниот светлосен ефект преку помалку извор“.

Настанот е во организација на ЈУ Универзална Сала, финансиран од Град Скопје, а поддржувачи на настанот се: Државна лотарија, Антена 5 радио, Фондацијата Јунус Емре и Маратон Груп.

Претходна статијаHuawei ја претставува серијата HUAWEI nova 10 – со стилски дизајн и предна камера од 60 MP
Следна статијаTwitter ја тестира можноста за измена на објавените „твитови“